Повеќе граѓани деновиве се пожалија дека сакале да купат е-картичка кај возачот, а немало.
Од ЈСП, кои се задолжени за печатење на е-картичките, велат дека обезбедиле доволен број неперсонализирани картички со пет гратис возења во согласност со податоците и статистиките за превезени патници.
– Сакаме да напоменеме дека во 2016 година беа продадени 35.000 неперсонализирани картички „скопска“, а за јануари беа обезбедени 150.000 вакви картички. Kоличините што стоеја на резерва и предвидени за јануари беа потрошени во рок од пет дена и ЈСП работи со целиот свој капацитет за да ја исполни побарувачката на е-картички и да го одржи континуитетот на наплата – објаснуваат од претпријатието.
Од ЈСП велат дека иницијализацијата и дистрибуцијата на картичките се врши во три смени, со петпати зголемени капацитети за да се одговори на побарувачката.
– Апелираме до патниците да купуваат по една е-картичка за патник и таа да ја надополнуваат бидејќи во согласност со податоците од терен, повеќето од корисниците купуваат по две, три и повеќе неперсонализирани картички – велат во ЈСП.
И приватните превозници потврдуваат дека немаат доволно картички кај возачите.
Kако што информираат од ЈСП, овој месец се продадени околу 40.000 картички „скопска“ кај приватните превозници, 50.000 во автобусите на ЈСП и над 50.000 во билетарниците и во малопродажната мрежа во маркетите.
На официјалната страна на ЈСП стои дека во Скопје има 21 билетара, седум места од кои можат да се купат персонализирани картички, како и 32 продажни места-дилери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст