| четврток, 6 декември 2018 |

Помилување за Челси Менинг, војникот „свиркач“ за Викиликс

Меѓу последните зафати на Барак Обама е намалувањето на казната на Челси Менинг за проследување на документи до Викиликс во 2010 година. Менинг, родена како Бредли Менинг, 29 годишна трансексуалка и поранешен војник, ќе биде ослободена на 17 мај, наместо во 2045 година, според првобитната пресуда.

Менинг во 2013 година е осудена на 35 години заради пренесување на дипломатски депеши до Викиликс, што беше најголемото истекување на доверливи материјали во американската историја.

Администрацијата на Обама под притисок го ослободува Менинг, откако лани на двапати имаше обиди за самоубиство во машкиот воен затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top