| четврток, 6 декември 2018 |

Патот Демир Хисар – Крушево и Прилеп – Крушево тешко проодни

Патните  правци  Демир Хисар – Крушево и Прилеп – Крушево  се тешко проодни за секаков вид на  сообраќај.

Поради обилни врнежи од снег вечерва од 20.30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Од 20.10 часот забрана беше воведена на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 19.45 на патот Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и од 18.30 часот преку планинскиот превој Плетвар на патниот правец Кавадарци – Прилеп.

На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, на кои има остатоци од кашест снег.

Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека нивни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни  и апелираат возачите внимателно да возат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top