Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини администрацијата на Барак Обама дека се обидува да ја поткопа легитимноста на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
– Што има сега во САД? Се гледа внатрешно-политичка борба што трае, независно од тоа дека изборите за претседател завршија со победа на Трамп, изјави Путин на прес конференција со молдавскиот претседател Игор Додон во Москва.
– Во таа борба поставени се неколку задачи и првата е да се поткопа легитимноста на новоизбраниот американски претседател, нагласи тој.
Путин отфрли информации од американски медиуми дека руските тајни служби го шпионирале Трамп и нашле докази за да го уценуваат.
– Тие што распространија лажни тврдења за Трамп се полоши од проститутки, изјави Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.