| четврток, 6 декември 2018 |

Борба против инфлација: Отпечатени нови банкноти со поголеми апоени

Во Венецуела се издадени нови банкноти со поголеми апоени како одговор на растечката стапка на инфлација.

Три банкноти во распон од 500 до 20.000 боливари, пуштени се во промет за луѓето полесно да ги плаќаат основните потребштини, објави „Би-би-си“.

Неодамна беше повлечена од оптек банкнотата од 100 боливари и тоа предизвика паника кај луѓето кои со денови стојат во редови за да ги заменат парите.

Инфлацијата во Венецуела оваа година може да достигне до 1.600 отсто.

Граѓаните на Венецуела досега мораа да носат огрони колични банкноти за да платат основни работи. Сепак, банкнотата од 20 илјади боливари вреди шест долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top