Актерката Кетрин Хејгл, која славата ја стекна благодарение на улогата во популарната серија „Вовед во анатомија“ роди син, јави „Ју Ес Викли“. Кетрин и нејзиниот сопруг Џош на новородениот син му го дадоа името Џошуа Бишоп, а тоа е нивно трето дете.
Двојката веќе ги има осумгодишната ќерка Налејх и четиригодишната Адалејд. Постарата ќерка Кетрин и Џош ја посвоија во 2009 година од Северна Кореја, а пред три години ја посвоија и Адалејд.
– Бременоста ме изненади, морам да признаам дека тоа не го планиравме, но сите сме многу возбудени поради доаѓањето на новиот член на семејството – рекла 38-годишната актерка пред неколку месеци кога и јавно објавила дека е бремена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст