Мора да се бориме против сите причини за бегалска криза, изјави хрватската претседателка Колинда Грабар Китровиќ во интервју за австрискиот дневен весник „Kleine Zeitung“. Според Грабар Китровиќ, во бранот на бегалци во Европа во најголем број пристигнале мажи способни за борба.
– А, што е со мајките кои останаа во Алепо, што е со децата? Нив навистина им треба нашата помош – вели претседателката, додавајќи дека земјите примиле „погрешни мигранти“, а целата ситуација ја оценува како лицемерна.
Грабар Китровиќ прашува каде e заедничката европска надворешна и безбедносна политика и што прави ЕУ за да им помогне на милионите бегалци кои останаа надвор од Европа.
– Зошто се расправаме со Русија, кога со Москва би требало да разговараме за тоа како да ја запреме војната во Сирија? Верувајте ми, секоја војна може да биде запрена – нагласила таа.
Грабар Китаровиќ индиректно се изјаснила и прорив наметнатите квоти на бегалци за членовите на Европската унија, констатирајќи дека „секоја земја треба да одлучи за себе колку луѓе може да прими“ и дека бранот носи и нови проблеми за човековите права на жените во Европа, а кои земјите мора да ги решат.
– Можеби тоа не е политички коректно, но страшно грешиме ако мислиме дека луѓето кои цел живот во Авганистан учеле на училиште и слушале од верските авторитети дека жените се помалку вредни од мажите, сега преку ноќ ќе ги преземат нашите вредности – вели таа.
Грабар Китаровиќ нагласила дека ја лути тоа што во Европа постојат гета од кои државата се повлекла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
За овој гаф не е виновна, но Балканот пак слатко ѝ се смее на Колинда (фото)
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)