| четврток, 6 декември 2018 |

Руски олигарх потрошил неколу милиони евра за свадбата на својата внука

Елтон Џон и Мараја Кери заработија неколку милиони за само една вечер – пееја на венчавката на 19-годишната внука на рускиот олигарх, која во текот на викендот беше одржана во Лондон.

Ирена Коган, внуката на рускиот бизнисмен Валериј Коган, го изговори судбоносното „да“ на Даниел Кевеј на екстраваганта и раскошна венчавка.

Свадбата била организирана во еден од најексклузиvните хотели во Лондон, во кој претседателскиот апартман чини 1.500 фунти за ноќ.

Им пеела американската поп-дива Мараја Кери на која ѝ биле платени 2,5 милиони фунти за од Америка да дојде во Лондон и да настапи на оваа свадба.

Гостите ги забавувал и британскиот музичар Елтон Џон, чијшто хонорар не бил помал од милион фунти, и кој ја расплакал невестата кога ѝ ја посветил песната „Tiny Dancer“. На свадбената церемонија бил ангажиран и популарниот диџеј Марк Ронсон.

maraja-svadba

Меѓу познатите гости бил и шпанскиот актер Антонио Бандерас, кој држел говор, како и голем број јавни личности од Русија.

Свадбената торта била висока три метри вечерата се состоела од девет јадења.

banderas-svadba

Дедото на невестата, Русин со еврејско потекло, има 65 години и е еден од најбогатите луѓе во Русија. Неговото богатство се проценува на околу две милијарди долари.

Го поседува аеродромот „Домодедово“ во Москва, кој е најголем аеродром во Источна Европа.

Во 2013 година вложил 83 милиони фунти во градењето на најлуксузната вила во Русија, која е осмислена да наликува на Белата куќа.

Во 2011 година го привлече вниманието на јавноста кога го собори рекордот во израелски недвижности и купи стан од 1.000 квадратни метри за 31 милион долари.

Освен тоа, поседува и вила во Конектикат вредна 18 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top