По Словенија, селекцијата на Шпанија е втората на Светското првенство која од групата Б и математички обезбеди осминафинале. Ѕвездите од АСОБАЛ лигата лесно ја совладаа Ангола со 42-22 и во меѓусебен натпревар против Словенија ќе решат кој ќе биде прв во групата.
Европскиот вицешампион започна многу сериозно од самиот почеток и наметна лесни голови и голема разлика. Ракометарите кои добиваа помалку шанси во претходните мечеви кај Жорди Рибера како Костоја, Анхел Фернандез и Белегер ја полена мрежата на Анголците и во 20. минута предноста веќе беше 16-8. Со невидена леснотија Шпанија го заврши првиот дел со гол на Валеро Ривера за 21-10.
Во вториот дел дополнителен пех за селекторот на Ангола. По црвениот картон на првиот, и повреда на вториот голман, меѓустативите мораше да застане играч. Сепак тоа не ги поколеба играчите на „црвената фурија“ и продолжија да ја полнат мрежата на Ангола и откако на голот повторно застана чуварот на мрежата Муачисенге и да го постават конечниот резултат кој е највисока разлика досега на Светското првенство.
Во последниот натпревар од терминот од 20.45 часот во групата А се сретнаа репрезентациите на Полска и Русија.
„Зборнаја“ ја оправда фаворитската улога над десеткуваниот состав на Полска со кој допатува на ова Светско првенство и славеше со 24-20.
Почетокот на мечот им припадна на Полјаците кои поведоа со 2-0, но тоа беше единственото водство кое го имаа. Од тогаш Русите заиграа ангажирано пред се во одбраната и ја направија клучната разлика за победа уште по првите 30 минути (13-9).
Во вториот дел селекторот Дмитри Торгованов ја стабилизираше играта и неговите избраници рутински го приведоа мечот до крај.
Во терминот од 17.45 часот Египет неочекувано славеше со само два гола разлика над Бахреин (31-29), додека Унгарија в неубедлива игра ја забележа првата победа на ова Светско првенство совладувајќи го Чиле со 34-29.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.