| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Можевме да го внесеме возот од Косово, но ќе имаше мртви на двете страни

Српскиот премиер Александар Вучиќ, гостувајќи на српската телевизија Пинк изјави дека Србија, „благодарејќи на мудроста и желбата да избегне судир“ успеала да го направи тоа во врска со возот кој требаше да патува од Белград до Косовска Митровица, пренесуваат српските медиуми.

vucic_srb

-Добар дел од Србите се лути поради тоа што не успеавме возот да го внесеме до Косовска Митровица, можевме тоа да го направиме но ќе имаше мртви на двете страни“, рекол Вучиќ.

Освен тоа, српскиот премиер навел дека во Србија се уште важи „губитничкиот синдром – дека ние сме воглавно криви и таму каде што реално нема вина“.

-Ние сме криви поради тоа што возот изгледаше така, дали тоа некој го сака или не. Чекајте, тие луѓе сакаа во УНЕСКО како независна држава, веројатно сакаат да се гордеат со тоа. Им сметаат фреските, или им смета нашето знаме, или пак тоа што Косово е Србија? Мене ништо не ми смета, наведува Вучиќ.

Според него, штом „Србите започнат да дишат, тогаш тие сакаат да се тепаат со сите, иако за тоа нема потреба, а од друга страна, пак, го имаат тој пристап – дека Србите се криви“.

-Тоа е обичен воз, не е оклопно возило, не е тенк, не е авион, тоа е обичен воз кој пренесуваше обични патници и родители со деца. Навредува поради тоа што има фрески од манастири кои се на Косово и Метохија, вели Вучиќ.

Според него, косовската власт во тој момент пратила специјални единици во чисто српска општина, односно во Долно Јариње, каде што воопшто нема Албанци.

-Тие ја запоседнаа железничката станица да го сопрат возот. Тачи и Мустафа излегоа од нивната седница и рекоа дека возот ќе застане по секоја цена. Тие потоа дојдоа со пушки, истакна Вучиќ.

Според него, во српскиот дел е потребна дозвола од локалната заедница и НАТО, и дека „не знае дали имале дозвола на НАТО, но дозвола од Србите немале“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top