Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе понуди укинување на санкциите против Русија во замена за договор за намалување на нуклеарното оружје со Владимир Путин.
Трамп рекол дека сака арсеналот нуклеарно оружје на двете најголеми нуклеарни сили на светот, САД и Русија „значително да се намали“.
– Русија е под санкции. Ајде да видиме дали можеме да направиме некои добри договори со Русија. Прво, мислам дека нуклеарното оружје треба значително да се намали, рекол Трамп во интервју за лондонски „Тајмс“.
Исто така, ја критикувал Русија поради интервенција во Сирија, рекол дека тоа е „многу лоша работа која довела до ужасна хуманитарна ситуација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст