Се уште не е завршена истрагата за грабежот во Париз, каде што беше ограбена хотелската соба на Ким Кардашијан. Изгледа дека ова ќе се претвори во сага, чиј крај не можеме ни да го претпоставиме.
И додека неколкумина осомничени се наоѓаат зад решетки, во јавноста излезе изјавата на Ким, која ја дала на француската полиција.
Ким го опишува страшниот момент кога била држена со пиштол во нејзината хотелска соба, додека краделе накит во вредност од милиони долари. Изјавата почнува со објаснувањето како Кортни и нејзината асистентка Стефани Шепард излегле, додека Ким и стилистот Симон Харуш одлучиле да останат во хотелот. Ким се качила во собата да работи, додека слушнала врева пред врата, кога прашала „Кој е таму?“
– Никој не ми одговори. Се јавив на мојот телохранител во 2:56. Преку врата видов како пристигнуваат двајца мажи, но и чуварот, кој беше заврзан. Двајцата беа облечени во полициски одела, а еден од нив носеше очила за скијање, токму тој беше со мене кога ме држеа заврзана. Го насочи оружјето кон мене. Ми го зема прстенот од рака, а носеше ракавици. Ме праша каде се парите и накитот, опишува Ким.
Потоа ја врзале со кабли.
– Ме фатија и ме однесоа во лобито. Носев само бањарка и ништо друго на себе. Отидовме повторно во собата и ме турнаа на креветот. Ме заврзаа со пластични кабли и лента на рацете и на нозете, но ми ставија и лепенка на устата. Ме однесоа во бањата, поточно во кадата.
Тие украле огромен број на накит.
– Во кутијата за накит имаше две белегзии од Cartier, дијаманти, ѓердан од Jacob целиот од злато и дијаманти, дијамантски обетки од Lauren Schwartz, прстени, обетки… Го украдоа и ѓерданот со името на мојот син Сеинт, целиот од дијаманти, часовник Rolex од жолто злато и два прстени од жолто злато.
На крајот на давањето на изјава, Ким побарала да се врати дома во Америка, за да биде со нејзините две деца. Очигледно дека поминала низ огромна траума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст