| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена жена во Центар

Вчера околу 17.45 часот во ЕИК Скопје, А.А. пријавила дека на ул. „Мирче Ацев“ две непознати лица извршиле разбојништво врз неа.

Додека оштетената се движела по улицата, одзади и пришле сторителите, ја допреле со остар предмет на долниот дел од грбот, по што ѝ ја одзеле чантата и побегнале во непознат правец.

ПС Центар презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top