| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена мртва жена, најверојатно почината од труење

Вчера во 17.15 часот во полициската станица во Демир Хисар, од страна на лекар од Здравствен дом – Демир Хисар било пријавено дека во с.Прибилци била пронајдена почината В.Н.(66) од с.Прибилци. Причина за смртта најверојатно е труење со јаглен моноксид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а телото на почината ќе биде предадено на обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top