| четврток, 6 декември 2018 |

Осуда за манијачењето и заканите на поранешните пратенички на СДСМ oд страна на синот на Фрчкоски

solza-640x373

По вчерашниот текст кој го објави порталот Курир со наслов „Еве зошто пратеничките Топузова и Грчева беа избркани од опозицијата“, во кој, меѓудругото, беше објавено како синот на Љубомир Фрчкоски, Јон на социјалните мрежи ја шиканира и омаловажува екс пратеничката Солза Грчева, реакциите на социјалните мрежи не стивнуваат.

Професорката Грчева, веднаш на својот Фејсбук профил излезе со став.

– Никогаш не сум постирала нешто од Курир, но сега морам. Погледнете како “демократот“ Јон Фрчкоски (синчето) ме нарекол на ФБ. Истото тоа дете, кое го направија советник во Општина Центар на 20 години. Имало и од лошо полошо. Окрупнување на опозицијата???, Никогаш. Само со фалширање. 5 посто да не им ги голташ ставовите, 95 посто да ти се исти, готово. Предавник. А јас мислев дека тоа е туѓ специјалитет, пишува Грчева.

solza-fb

Голем број корисници на социјалната мрежа коментираа на објавата на Грчева и јасно го осудија Јон Фрчкоски.

– Еве зошто по ниедна цена да не им се даде власт. Мизерија;

– Трагично, од мали нозе заедоено со омраза;

– Значи не ми се верува зло со зло дно под дно, беа дел од коментарите на Фејсбук.

Со коментар и осуда се јави и професорката Билјана Ванковска.

– Каков татко ( со простачки јазик ) таков син. Не знаев дека е веќе на државни/партиски јасли. Ова е веројатно иднината на СДСМ, пишува Ванковска.

vankovska

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top