Кога треба да се облечеме за многу студените денови приоритет е да одбереме комбинации што ќе бидат топли и удобни. Ова најдобро го знаат луѓето што поголемиот дел од денот го минуваат надвор, на студено, поради професионалните обврски.
И додека топлината е главниот критериум по кој го стилизираме својот изглед, мора да признаеме дека посебно е важна естетиката. Тоа се постигнува, пред сѐ, благодарение на облекувањето во слоеви. Така може да се постигне многу модерен изглед, а притоа ќе бидете и затоплени.
За среќа, пердувестите надувани јакни моментно се голем тренд и претставуваат идеално парче гардероба, кое ќе ви овозможи удобност и чувство на топлина, а вие ќе изгледате многу модерно. Во комбинација со омилениот џемпер, за кој е пожелно да има интересен дезен, фармерки и со практични додатоци, како што се капа и чизми.
Ако сакате софистициран, а топол изглед тогаш облечете бунда од крзно и ѕвонарки од тексас. Се разбира, добрите чизми треба да бидат основа на вашиот изглед.
Актуелните јакни од антилоп не само што изгледаат неверојатно стилизирано, туку се идеални за многу студените денови, посебно ако ги комбинирате со ефектни џемпери, тексас и со кратки чизми.
Оваа зима може да комбинирате јакна од пердуви, горна тренерка, фармерки и патики.
Блогерката Тине Анреа ни покажува дека е можно да се има добар деловен стил и покрај ниската температура. Преку панталоните и кошулата облечете долг и топол џемпер. Што се однесува до обувките, тоа може да бидат кои било топли чизми. На пример, каубојки, кои имаат елегантна силуета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.