| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е најдепресивниот ден во годината

Третиот подеделник од почетокот на Нова година е најдепресивниот ден во годината. Голем дел од луѓето веќе ги погазија новогодишните одлуки дека на пример ќе престанат да пушат или пак ќе почнат редовно да вежбаат.

Стручњаците советуваат дека треба да бидете поблаги кон себе, очекувањата да бидат реални, а со тоа ќе се избегне разочарувањето. Може и порационално да се планира потрошувачката, но и да се прифати тоа дека таквата ситуација е минлива. Околностите некогаш не можеме да ги смениме, но начинот на кој се носиме со нив, можеме.

Најдепресивниот ден во годината всушност е маркетиншки трик кој започнал како откритие на наставникот Клиф Арнал од Универзитетот во Кардиф.

Но, набргу се утврдило дека станува збор за маркетиншка кампања, а Универзитетот се дистанцирал од „откритието“ на „научникот“. Но, маркетиншките гуруа знаеле дека освено времето има нешто тмурно во месец јануари.

Исчекувањето на празниците, период кој почнува во есен, па потоа кулминацијата на еуфоријата, многу луѓе во јануари ќе ги остави безволни. Иако називот депресија се користи за било какво лошо расположение, поточно може да се каже дека кај голем број луѓе станува збор за емотивна испразнетост, особено кога ќе се поврзе и тешкото време на беспарица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top