Неодамна починатиот британски пејач Џорџ Мајкл беше човек кој сакаше да прави „кавер“ верзии. Но, постои исто така легија на уметници кои ги обработија неговите легендарни песни. И не само „Careless Whisper“ и „Last Christmas“, туку и една од неговите најпознати песни „Jesus to a child“, а којашто беше препеана од македонската музичка легенда Тоше Проески.
Австралискиот онлајн медиум News.com.au направи анализа рангирајќи на најлошите и најдобрите обработки на песни на Џорџ Мајкл од страна на светски ѕвезди, на листата на најдобри преработки, во ист ранг со Мараја Кери, Џоан Баез, Тори Ејмос и Мајкл Бубле е ставен и легендарниот Тоше Проески. Прерано починатата македонска ѕвезда е рангирана меѓу најдобрите десетина пејачи кои најубаво го препеале Џорџ Мајкл.
Тоше е рангиран подобро и од британскиот пејач Роби Вилијамс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагично не напушти пред 11 години: Вечерта пред загинувањето, изјави нешто што ќе ве наежи!
-
На 13 октомври ќе ги слушнеме новите песни од Тоше
-
Никогаш потажна сцена: Тони Цетински пееше за Тоше, солзи и ѕвездено небо го исполнија Сава центарот
-
Најмило мое – сестрата на Тоше ги расплака сите на денот кога би наполнил 37 години!