Со марш во Вашингтон американски активисти за човекови права започнаа денеска протести пред инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД, со ветување дека ќе продолжат да се борат за рамноправност и еднаквост под новата американска администација. Извикувајќи „Нема правда, нема мир“, неколку илјади демонстранти предводени од свештеникот Ел Шарптон, маршираа низ низ градот движејќи се кон споменикот на Мартин Лутер Кинг оддалечен околу 3 километри од местото каде Трамп во петок ќе ја положи заклетвата како нов претседател.
Протестите се најавени како поддршка за правата на малцинствата и националната здравствена програма на претседателот во заминување Барак Обама, позната како Омабакер која Трамп вети дека ќе ја укине, пренесува Ројтерс. Групи за заштита на човековите права, вклучително и Националното здружение за напредок на Обоените, организацијата која ги застапува Латиноамериканците, како и демократските пратеници исто така најавија дека ќе се вклучат во протестот.
Во САД се спроведува иста шема како и во Македонија. Она што е јасно е дека станува збор за класично политички протест под параван на невладини и граѓански организации чија цел е замајување на јавноста. Сценарио веќе видено во Македонија, протести под истото мото на невладини организации кои навидум се залагаат за некакви права. Всушност оние кои протестираат под мотото „Нема правда, нема мир“ воопшто не ги интересираат ниту права, ниту здравство, образование и останати граѓански теми.Единствена цел им е политиката и одработување за левицата, а против десницата која како и во Македонија така и во САД спроведува национални исправни политики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.