| четврток, 6 декември 2018 |

Агентите даваат оскази, ЦИА се распаѓа поради Трамп

CIA

Моралот во ЦИА опаѓа поради несогласувањата на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и американските разузнавачки служби. Некои разузнавачки агенти веќе ги потпишале своите оставки, пренесува Ројтерс.

Според зборовите на високи службеници на разузнавачката агенција, расте бројот на агенти постари од 50 години со најмалку 20 години искуство и со најмалку пет години искуство во странство кои потпишале оставка, но не не навеле датум.

„Овде владее анксиозност поради очигледното омаловажување на Трамп на нашата работа и опасноста со која се соочуваме“, вели еден агент од друга разузнавачка служба.

Сегашни и поранешни службеници на американската влада наведуваат дека вообичаено е луѓето да ја напаѓаат ЦИА, но не е вообичаено тоа да го прави претседателот.

„Мислам дека тоа е рецепт за катастрофа“, вели Даниел Бенџамин од одделението за борба против тероризмот во Белата куќа и Стејт департментот во времето на демократите.

Трамп ги обвини политичките противници – и демократи и републиканци – дека заедно составиле непроверени тврдења кои го поврзуваат со Русија и рече дека тој документ најверојатно го составиле разузнавачките служби, пренесува Ројтерс.

Тој на Твитер напиша дека податоците ги составиле „лигави“ политички противници од редовите на демократите и од редовите на републиканците и некој пропаднат шпион, а дека и Русија демантира дека постои каков било документ.

trump-cia-900x350

„Најверјатно ги составиле разузнавачките служби иако знаеле дека немаат докази и дека никогаш нема да ги имаат“, додава Трамп на Твитер и нагласува дека неговите луѓе во рок од 90 дена ќе објават полн извештај за хакирањето.

Шефот на националната разузнавачка служба Џејмс Копер изјави дека материјалот кој го објавија за Трамп медиумите не протекол од разузнавачки агенции и дека засега не знаат од кого потекнуваат информациите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top