Над 2.000 случаи на мали сипаници (морбили) се потврдени во Романија од избувнувањето на епидемијата, а од болеста веќе починале 13 лица.
Петмина од починатите се од западниот округот Арад, тројца се од соседниот округ Тимиш, како и три лица од јужниот округот Долж. Еден смртен случај е регистриран во западниот округот Караш-Северин и еден во главниот град Букурешт.
Во процес на анализирање е 14-ти смртен случај на осуммесечното бебе од округот Тимиш.
Од потврдените над 2000 случаи на мали сипаници, најмногу, 509, се регистрирани во округот Арад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.