| четврток, 6 декември 2018 |

Чудо: Во Етиопија возат без пешачки премин, без семафори и без сообраќајни знаци! (видео)

Сообраќајот во големите градови не може да се замисли без вертикалната сигнализација, а преминување преку раскрсница на која не работат семафорите речиси е невозможен.
Оваа раскрсница во Етиопија е своевиден феномен затоа што не постојат никакви правила по кои се одвива сообраќајот. Нема пешачки премини, нема сообраќајни знаци, нема семафори!
Сепак и покрај сите недостатоци и непредвидливото движење на возилата, низ оваа раскрсница за само 5 минути поминуваат стотици возила и пешаци.
Видеото кое следи трае речиси минута, а вистинско чудо е што за време на снимањето не се случила сообраќајна несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top