| четврток, 6 декември 2018 |

Србија бара Харадинај веднаш да ѝ биде предаден

Србија нема да се откаже од своето барање да ѝ биде предаден Рамуш Харадинај, изјави српскиот министер за правда Нела Кобуровиќ по итната седница на српската влада во врска со одлуката на францускиот суд да го пушти од притвор поранешниот косовски премиер, јави српската државна телевизија РТС.

-Се надеваме дека француските органи ќе постапат професионално – рече Кобуровиќ.

Таа додаде дека во проширената истрага за Харадинај има нови 30 сведоштва.

Директорот на канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ, изјави дека Србија не прифаќа правосудство кое го остава неказнето прогонувањето и убиството на невини цивили од српска или која и да било друга националност, како злосторствата извршени од Рамуш Харадинај и неговата криминална група.

На прес-конференција Ѓуриќ ги запраша медиумите дали убивањето невини цивили, меѓу кои и бебе од две недели, е недоволна причина Харадинај да биде предаден на српските правосудни органи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top