За 14,2 проценти е зголемен бројот на издадени одобренија за градење во ноември минатата година во споредба со истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, во ноември се издадени 363 одобренија за градење, а предвидената вредност на објектите изнесува 6.030.217 илјади денари што е за 0,8 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 219 се наменети за објекти од високоградба, 54 за објекти од нискоградба и 90 за објекти за реконструкција. Во најголемиот број случаи односно кај 239 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 124 објекти инвеститори се деловни субјекти. За овој период предвидена е изградба на 985 станови со вкупна корисна површина од 86 342 м2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марин продолжува со градежни активности кај Мајчин дом, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за мораториум одбиен
-
Облаци прав се креваат од градилиштето во Острово, каде следно ќе се гради?
-
Помалку се гради: Во февруари се издадени 177 градежни дозволи!
-
Француски градежен гигант не сака да го гради ѕидот на САД со Мексико