За пет отсто е зголемен бројот на туристите во Македонија, покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари-ноември 2016 година во однос на истиот период во 2015та, кај домашните туристи бројката е зголемена за 5,3, а кај странските за 4,8 проценти.
Бројот на туристите во ноември 2016 бил 44.162, а бројот на ноќевањата 97.980 што во однос на истиот месец во 2015та е пораст за 5,7 и 3,4 отсто.
Бројот на домашните туристи во ноември 2016 година во однос на ноември 2015 година е зголемен за 5,3 проценти, а на странските за 5,9, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2016 година во однос на ноември 2015 е зголемен за 7 отсто, а на странските за 0,1 процент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.