Група турски офицери од НАТО и дипломати побарале од властите во Норвешка да им дадат политички статус на заштита, објави весникот Верденс Ганг.
Според медиумот, лицата за кои станува збор биле на служба во Норвешка до минатата есен, но од Анкара добиле известување дека треба да се вратат во татковината за да дадат исказ за неуспешниот обид за пуч од јули 2016 година. Ниту еден од нив не одговорил на повикот на турските власти стравувајќи за својот живот. Сега сите офицери и дипломати живеат на тајни адреси во различни делови од Норвешка.
Тие изјавиле за весникот дека побарале од властите во Норвешка азил, негирајќи дека имаат каква било врска со учество во превратот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.