| четврток, 6 декември 2018 |

Нема дефект во дистрибутивната мрежа на ЕВН во Маврово

Нема дефект во дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија, соопштуваат од ЕВН во врска со непријатниот настан што ги затекнал скијачите на Маврово, кои денеска околу 11 часот ја користеле жичницата. Тие сведочат дека поради тоа што снемало струја во скијачкиот центар биле заглавени околу половина час на -12 степени, па некои од нив, не можејќи да го издржат студот, скокале и од височина од 3 метри.

„Нема дефект во дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија. Трафостаницата која го снабдува овој регион со електрична енергија се напојува од далекуводот кој е сопственост на ЕЛЕМ“, стои во дописот нд ЕВН Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top