Откако престанало да ѝ биде најважно тоа колку килограми ќе изгуби и колкава телесна тежина мора да достигне, Опра успеала да ослабе толку што сега е сосема задоволна од својот изглед.
– Со 90 килограми бев задоволна. Никогаш претходно не бев толку задоволна од мојата тежина. А, потоа и со 85 килограми бев задоволна. Ако не изгубам веднаш уште некој килограм ќе бидам задоволна. Секогаш се измачував самата себе бидејќи најважно ми беше да достигнам одреден број на килограми – изјави Опра.
Таа наместо опсесивно да ја гледа бројката на вагата и да биде фрустрирана ако не ја гледа онаа што сака да ја види, Опра целосно го променила начинот на размислување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.