Ќерката на новоизбраниот претседател на САД Иванка Трамп најави дека се повлекува од семејниот бизнис. Ваквата одлука ја изненади американската јавност пред се поради фактот што Доналд Трамп на вчерашната прес-конференција не спомна такво нешто.
Ќерката на Трамп својата одлука ја овјави на Фејсбук.
„Откако мојот татко официјално ќе стапи на функција претседател, јас повеќе нема да бидам вклучена во работата на компанијата. Уверена сум дека нашата компанија ќе го продолжи патот на развојот.“
Трамповата наследничка додава дека се повлекува и од својата компанија за производство на облека и дека сите дејности ѝ ги предала на Ебигејл Клем, која ќе го води целиот бизнис на брендот на Иванка се додека нејзиниот татко ја извршува функцијата претседател на САД.
Иванка планира со семејството да се пресели од Њујорк во Вашингтон поради работата што ќе ја врши нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, кого Трамп го постави за специјлаен советник во Белата куќа.
Доналд Трамп на конференцијата за печат во средата потврди дека контролата над неговата бизнис империја ја предал на своите синови Дон Џуниор и Ерик со цел да избегне конфликт на интереси откако ќе влезе во Белата куќа.
Овој потег на Иванка Трамп може да се протолкува и на поинаков начин, особено по зачестените тврдења на американксите медиуми дека всушност таа ќе ја извршува функцијата прва дама на САД, а не нејзината маќеа Меланија.
Во прилог на ваквите тврења е и фактот што Доналд Трамп својата ќерка ја водеше на состанок со јапонскиот премиер Шинзо Абе, а и тоа што Иванка веројатно била еден од клучните фактори во кампањата на Трамп имајќи предвид дека таа со своите говори и одмерени настапи привлече добар дел од младите Американци да гласаат за нејзиниот татко.
По средбата со јапоснсиот премиер, медиумите во Јапонија пишуваа дека младата Иванка најверојатно ќе биде следниот американански амбасадор во Токио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.