| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународниот бестселер „Домина со боја на месо“ објавен на македонски јазик

Бестселерот „Домина со боја на месо“ од Зимундс Скујинш, кој е продаден во седум милиони копии низ Европа, деновиве излезе во издание на издавачката куќа „Прозарт медиа“.

Романот е објавен во 1999 година. Станува збор за прекрасно напишан надреалистички роман со политичка алегорија. „Домина со боја на месо“ го транспортира читателот помеѓу благородништвото на осумнаесеттиот век и животот на нараторот во модерниот свет. Конекцијата помеѓу двете нарации станува јасна во хипнотичката фантазија на љубовта, страста и загубата, додека Скујинш создава дело со сублимирана уметност кое е забавно, возбудливо, поучно и филозофско, во иста мерка.

Кога телото на сопругот на баронесата Фон Бриген е пресечено на два дела, таа е восхитена кога открива дека долната половина е сошиена на горниот дел од телото на локалниот капетан Улсте. Таа зачнува дете само да го врати сопругот во еден дел. Она што понатаму се случува е неописливо забавно и тешко болно.

Зигмундс Скујинш е еден од најпознатите летонски писатели од крајот на дваесеттиот век. Роден е во Рига, Летонија, во 1926. Неговите дела се преведени во повеќето земји во Европа, а дел од нив се адаптирани во филмови. Тој е добитник на бројни летонски и меѓународни литературни награди, вклучувајќи животен грант од Летонската државна фондација за културен капитал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top