По повод големиот христијански празник Василица, републичката Комисија за труд и социјална политика на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ направи посета во Домот за стари и изнемоштени лица „Мајка Тереза“, каде што на секој од штитениците од домот им подели парче пита, а само еден е среќник со паричка за кого беше обезбедена икона мал подарок.

Дружењето го збогатија со рецитал на поетесите Виолета Сековска, Розита Христовска и Стојан Арсиќ. Поезија прочитаа и присутните.

Меѓу присутните беа Претседателката на Комисијата Соња Геловска Стојанова и Потпретседателката Слободанка Алексовска како и Претседателката на УЖ Карпош Анета Марковска Илиевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вечерва на полноќ сите немажени девојки треба да бидат будни
-
Ако ви се падна паричката на Василица, еве каде треба да ја чувате за да ви носи среќа цела година
-
Вечерва се дочекува Православната Нова Година – Кои други народи во светот ќе слават со нас?
-
Утре е Василица, еве зошто треба да вртите лепче со паричка


