Најсовремен апарат за фако интервенции е ставен во функција на Универзитетската клиника за очни болести. Ваков апарат имаат само некои земји и е единствен во регионот.
Апаратот, кој е набавен од страна на Министерството за здравство, е во вредност од пет милиони денари и со него веќе се извршени осум интервенции.
-Овој апарат е наменет за операција на катаракта. Во Македонија се прават околу 8.000 операции на катаракта годишно. Со модернизацијата на медицината, модернизацијата на офталмологијата е со најбрз тек. Со набавување на овој апарт ние сме моментално во трендот на модернизацијата. Ова е најновиот, најсовршен апарат во државата, но и во светот. Апаратот може да ја забрза работата, да ги подобри крајните резултати, но и да го намали процентот на настанатите интраоперативни компликации. Апарат кој ќе биде од корист за докторите, пациентите и за општеството – вели офталмологот Христијан Дума за ТВ „Нова“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст