Една од најпознатите и најбогатите водителки, Опра Винфри не е во најдобри односи со своите родители.
Водителката до пубертетот живеела со нејзината мајка, а кога таа се откажала од старателството, Опра преминала да живее со својот татко со кој не комуницира премногу. Набргу почнала да студира и се посветила на кариерата. Со татко и се слуша два пати годишно, за нејзиниот и неговиот роденден.
Нејзиниот татко Вернон, тврди дека го оставила во сиромаштија, а пред десет години ја напишал и книгата „Неизговорени работи“ во која го опиша својот однос со својата ќерка.
Вернон неодамна во едно интервју, откри дека се чувствува многу осамено, бидејќи неговите најблиски пријатели починале. Исто така неговата здравствена ситуација не е најдобра.
-Опра многу малку му помага, живее во лоши услови. Тешко дека тоа може да се нарече живот – тврди изворот кој објаснува дека нејзиниот татко не сака јавно да зборува за својата тешка судбина.
Наводно единствената желба на Вернон е да ја посети својата ќерка во еден од нејзините луксузни домови.
-И реков дека со задоволство би патувал додека се уште сум во можност – изјавил Вернон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст