| четврток, 6 декември 2018 |

Ја подигал платата од банкомат, одзади насилно му ја грабнале

НК-КР Свети Николе поднесе кривична пријава против Т.П. (33) од Велес поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.

На 29 декември, околу 10,40 часот на ул.„23 Октомври“ во Свети Николе пријавениот дошол до банкоматот на НЛБ Тутунска банка, каде што стоел оштетниот А.Д. (38) од с.Ерџелија за да подигне готовина од банкоматот, при што пријавениот во моментот кога излегле банкнотите од апаратот се приближил до него и насилно ги грабнал парите во износ од 9.000 денари, по што влегол во патничко возило „голф 4“ кој било паркирано во непосредна близина на банкоматот и заминал во непознат правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top