| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанскиот Нострадамус предвиде: Aко овде два дена по ред паѓа снег, крајот е близу

Пред повеќе од 500 години италијанскиот филозоф Матео Тафури предвиде дека крајот на светот е блиску ако во Саленто, град на југот на Италија, два дена со ред паѓа снег.

Сега, постои ризик дека пророштвото на Тафури ќе стане вистина, откако снег ја покри плажата во Саленто, пишува „Дејли мејл“.

Италијанскиот Нострадаму, кој живеел од 1492 до 1582 година, бил еден од најистакнатите јавни личности во регионот на Апулија за време на 16 век.

– Саленто со своите палми и лесен јужен ветер, снежен Саленто, но никога после допир. Два дена снег, два блесока на небото, знам дека светот завршува, но не брзам – запишал тој. ‘

Taфури вил лекар, вешт астролог и љубител на грчката и латинската книжевност. За време на својот живот, тој живеел и во Англија, каде го обвиниле дека е Лутеран. Тој се занимавал и со предвидување и ја предвидел смртта на Карло Петти. Откако го пуштиле од Англија, заминал за Ирска, каде го обвиниле за практикување на магија. За отфрлањето на овие обвиненија морало да интервенира и папата.

Снег во Саленто падна минатиот викенд, а училиштата во неколку градови на југот на Италија се затворени поради неподготвеност на таква количина на снежни врнежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top