По повод навршувањето девет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници на Воздухопловната бригада (ВБР) на АРМ, денеска ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата пред Командата на ВБР во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај катлановско Блаце.
Почит на загинатите ќе им оддадат делегации од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда, ВБР, како и членови на нивните семејства.
На одбележувањето на годишнината од загинувањето на припадниците на ВБР, на местото на хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, цвеќе ќе положи министерот за одбрана, Зоран Јолевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.