Жителите на Маџари завчера вечер биле сведоци на невидено дивеење на 19-годишен жител на скопско Страчинци. Тој прво ја демолирал трафиката на главната улица, а кога една жена му реагирала на тоа што го прави, извадил нож и почнал да ја брка по улица. Потоа без никаква причина му се нафрли на еден врсник, кој чекал ред пред бурекчилница, на кого му го забил ножот в грб. Момчето е пренесено во Ургентиот центар, а дивјакот е уапсен од полицијата.
СВР Скопје јави дека завчера околу 20 часот, во Скопје на улица Маџари Е.З.(19) од село Страчинци, Скопско, со употреба на тврди предмети ја оштетил трафиката – тобако „Ан-Ган -ЈБ“, која била затворена.
Притоа настанала расправија со Е. Б.(28) од Скопје, која регирала поради причинетото оштетување, по што Е.З. почнал да ја брка со нож, но успела да побегне.
Е.З. потоа без повод и причина со ножот му нанел повреда во пределот на грбот на С. А.(19) од Скопје , кој во тој момент седел пред бурекчилница. Заради укажување лекарска помош С.А. е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а Е.З. е приведен и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.