Потребна е политичка стабилизација за продолжување на економскиот напредок, за што е неопходно составување влада која ќе биде фокусирана кон исполнување на реалните потреби и барања на граѓаните, било посочено на денешната редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата со која раководел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како што стои во партиското соопштение, се анализирале повеќе актуелни теми и случувања.
– Централна тема беше претстојниот процес на формирање влада при што беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоија најголем број на гласовите од граѓаните и императив е да се почитува волјата на мнозинството кое гласаше за програмата РЕАЛНО и проектите предвидени во неа, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му дал полн легитимитет на претседателот Груевски за отпочнување разговори за состав на новата влада кои треба да се водат на принципиелни основи, запазувајќи ги државните интереси.
Во анализата на изборните резултати, како што се вели во соопштението, било заклучено дека граѓаните на овие избори го поразија СДСМ и испратија јасна порака дека не прифаќаат политика на деструкција и партија „чие раководство функционира според мафијашки принципи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст