Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска не му дозволи на новинарот на Си-Ен-Ен да му постави прашање на првата негова прес конференција по победата на изборите од 8 ноември 2016.
-Нема да ти дозволам да поставиш прашање. Вие правите лажни вести, му кажа Трамп на новинарот, пренесуваат британските медиуми.
Трамп жестоко ја критикуваше оваа американска телевизиска мрежа заради начинот на кој известуваше околу наводното руско мешање во претседателските избори во САД, што придонесе за неговата победа, потсетуваат британските медиуми.
Новиот шеф на Белата куќа додаде дека „некои медиумски куќи се занимвааат со лажни вести“.
-Се што барам се чесни новинари, наведе Трамп.
Американските медиуми пренесуваат дека Трамп, покрај Си-Ен-Ен, за лажно известување го обвини и сајтот „Базфид“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.