| четврток, 6 декември 2018 |

Го шетала кучето кога ја покосил црн автомобил: Ветеринар усмрти 13-годишно девојче

 

pregazeno-devojce

Во саботата вечер во белградската населба Бањица се случила сообраќајна незгода во која загинла 13-годишната Ј.М. Околу 18 часот несреќното девојче го шетало своето куче, а додека минувала на пешачки премин, црн автомобил кој движел со голема брзина ја прегазил по што избегал од местото на несреќата.

Ј.М. била пренесена на Воено медицинската академија каде лекарите околу еден час се бореле да ја спасат, но за жал не успејале.

Очевидци на несеќата изјавиле дека глетката била морбидна и дека девојчето по ударот летнало неколку метри во воздухот.

– Го шеташе кучето и тргна да ја премине улицата. Автомобилот се движеше многу брзо и не успеа да ја избегне. Откако ја удри за момент застана, но потоа веднаш продолжи по патот и избега, изјавил жител на населбата.

Два часа по несеќата полицијата го пронашла возачот кој по професија е ветеринар, а по направениот алко тест било утврдено дека бил под дејство на алкохол.

– Возачот бил пијан, а во крвта имаше 0,7 промили што е повеќе од дозволените 0,3, стои во полицискиот записник.

Тој бил задржан во притвор, а заради тешката психичка состојба по несеќата не бил способен да даде изјава во своја одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top