Соочени со реалната ситуација и поучени од искуството од изминатите години, Македонците од областа Гора и Голо Брдо сами се деблокираат од големите снежни врнежи.
Како што пренесуваат електронските медиуми, жителите од Борје го расчистуваат снегот од патот со лопати до селото Глобочица, област Гора во Косово.
Идентична е ситуацијата и во областа Голо Брдо (со 22 села), која се протега долж албанско-македонската граница.
– Најпрво наравивме мали патеки колку да може да поминуваме се до асфалтниот пат, кој селото Требиште во должина од пет километри го поврзува со граничниот премин кај Џепиште на македонско-албанската граница, што до Дебар е на оддалеченост од петнаесеттина километри. До Џепиште одиме пешки, а потоа со комбиња на превозници од Дебар, а доколку имаме поголем мака и со такси, вели Или Халилај, жител на селото Требиште и претседател на огранокот на Македонското друштво „Илинден“ за оваа област.
Тој, додава дека и во изминатите години, а и сега поради близината доаѓаат во Дебар каде ги обезбедуваат најпотребните намирници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст