| четврток, 6 декември 2018 |

„Скопска“ може да се плати и преку мобилен телефон

Од 1 јануари, кога целосно се укинаа хартиените билети, граѓани кои се возат со јавниот превоз, мора да користат персонализирана или непресонализирана СКОПСКА картичка, која ќе важи и за државните и за приватните автобуси. Но, тоа не е единствениот начин- граѓаните ќе може да плаќаат во автобусите и преку мобилен телефон.

Системот овозможува и опција за плаќање со мобилен телефон – со повикување на специјано наменет број од сите типови на мобилно телефони. Значи се врти бројот на пример 184 се приближува мобилниот телефон до валидаторот и потоа валидаторот дава потврда за плаќањето. Плаќањето со мобилен телефон ќе биде за нијанса поскапо во однос на плаќањето со картичка , а времетраењето е 2-3 секунди.

На тој начин ќе се забрза автобускиот превоз, а граѓаните ќе заштедат време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top