Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис на состанок на градскиот совет го употребил терминот „македонски јазик“ поради што се најде на мета на грчките медиуми и информативни портали.
Бутарис спонтано употреби лош збор – „македонски“ за јазикот што се зборува во поранешната југословенска Република Македонија, пишува весникот „Авги“ нагласувајќи дека поради ваквиот „испад“ веднаш реагирале претставниците на партиите од десното крило.
„Ин њуз“ пишува дека откако еден од советниците го потсетил Бутрис дека „јазикот се вика фиромски“, Бутарис инсистирал и истакнал дека тој е Влав и оти „во минатото Власите зборувале македонски“.
„Скопјаните, според Бутарис, зборуваат македонски јазик“, „тешко дека повторно ќе биде избран за градоначалник“, „на Бутарис му излета дека фиромскиот јазик е македонски“, се само некои од коментарите во грчките медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во скопската ЗОО таблите за опис на животните на македонски и на албански јазик
-
Коѕијас до Мицотакис: „Македонскиот јазик“ официјално го предаде Нова демократија во 1977
-
Мицотакис: Не прифаќаме македонска националност и македонски јазик
-
Груевска-Маџоска: Македонскиот јазик не се споменува ниту еднаш во Стратегијата на Министерството за култура за 2018-2020