| четврток, 6 декември 2018 |

Дури 77 отсто од Бугарите го поддржуваат членството на земјата во ЕУ

Дури 77 проценти од жителите на Бугарија го поддржуваат членството на нивната земја во Европската Унија, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Екзакта“.

Како што јави БТА, според истражувањето против членството на Бугарија во ЕУ се само 13 отсто од анкетираните Бугари.

Меѓу поддржувачите на членството на Бугарија во ЕУ побројни се мажите, лицата на возраст под 60 години, како и оние со високо образование и со средни примања.

Противници на членството се лица постари од 60 години, со низок степен на образование и со ниски месечни приходи.

Кога станува збое пак за членството на Бугарија во НАТО, него го поддржуваат 59 проценти од испитаниците, а 22 отсто се против. Ова претставува зголемување на противниците на членството на Бугарија во НАТО за четири до пет проценти во однос на претходните анкети споведени во изминативе три години.

Поддржувачи на членството во НАТО се Бугари под 60 годишна возраст, оние со виско образование и жителите на градовите.

Анкетата е спроведена меѓу 27 и 30 декември 2016 година на примерок од 1.000 полноленти граѓани на Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top