Рекордно ниските температури во централните и јужните региони на Италија денеска ги принудија властите да ги затворат училиштата и фабрики и да ги одложат локалните избори, јави ДПА.
Силните врнежи и заледените патишта принудија неколку поголеми и помали градови во областите Молизе и Апулија да ги одложат локалните избори, а властите ги повикаа жителите да останат во своите домови.
Во областа Абруцо поголемиот број фабрики беа затворени, а во неколку региони во областите Калабрија, Молизе и Апулија беа затворени и училиштата.
Се очекува студениот бран да се задржи до средината на неделава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст