| четврток, 6 декември 2018 |

Какви подароци доби Кејт од Вилијам?

Денес, Кејт Мидлтон, Војвотката од Кембриџ, полни 35 години. Последните години и беа исполнети со многу убави моменти, почнувајќи од врската со Принцот Вилијам, свадбата, првото дете, второто дете… Едноставно и се исполни сонот, кој го сонува секое мало девојче, а тоа е да стане принцеза.

Знаеме дека дијамантите се најдобрите пријатели на девојките, а со самото тоа што си во партнерство со еден принц, најверојатно ќе добиваш само скап и значаен накит. И додека да слушнеме што и подарил нејзиниот сопруг за овогодинешниот роденден, може да се навратиме наназад и да видиме што до сега добила Кејт од Вилијам.

kejt-prsten5

Првиот значаен подарок од Вилијам, бил златен прстен со бисери, кој го добила Кејт во првата година од нивното забавување. Почнала да го носи во 2005 година. По пет години, по едно раскинување, еден пат во Кенија и Вилијам реши да ја запроси Кејт со вереничкиот прстен на неговата покојна мајка – 12 каратниот прстен со сафир. Каменот е опколен со 14 дијаманти и 18 каратно бело злато.

kejt-vilijam3

Во периодот помеѓу свршувачката и свадбата, Вилијам и подари на Кејт уште еден подарок, кој припаѓал на неговата мајка – сафирни дијамантски обетки, кои совршено се совпаѓаат со вереничкиот прстен.

kejt-obetki2

На Божик, во 2011 година, Кејт носеше зелени дијамантски обетки од нејзиниот омилен дизајнер Кики Мекдонг, кои биле подарок од нејзиниот сопруг.

kejt-obetki1-1

Се гледа дека Вилијам навистина знае да избере добри подароци. За раѓањето на принцот Џорџ, Вилијам и подари на Кејт часовник од Cartier и тоа токму пред да заминат на турнеја во Австралија и Нов Зеланд минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top