Проф. д-р Дарко Гашпаровиќ еден од најголемите и најпознатите хрватски проучувачи и истражувачи на македонската култура и уметност, почина во недела.
По повод добивањето на ова високо признание, Издавачката куќа “Феникс” ја објави книгата “Писмото низ вековите” од Дарко Гашпаровиќ во која тој прави пресек и се осврнува на Кирило-Методиевската традиција преку светите Климент и Наум.
Гашпаровиќ во овој редок и значаен научен труд се осврнува и задржува и на други пројави од македонската култура, а како автор е познат по своите стручни огледи и студии за водечките претставници на македонскиот театар : Коле Чашуле, Живко Чинго, Јордан Плевнеш, Слободан Унковски, Владо Цветановски, Дејан Пројковски и други.
Непосредно пред смртта излезе од печат книгата со есеи “Златно руно” од Дарко Гашпаровиќ, кој беше член на Хрватското друштво на писателите и еден од водечките хрватски мислители и интелектуалци. Тој посебно се занимаваше со хрватско-македонските културни односи и врски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст