Поради штрајкот повеќето метро станици во центарот на Лондон се затворени, а исто така нема пристап нити од главните станици како што се „Викторија“, „Кингс Крос“ и „Ватерлу“.
Метрото дневно пренесува 4.8 милиони патници. Штрајкот на метрото, ќе ги зафати и патниците со железничкиот и авионскиот сообраќај.
Возачите на железничкиот сообраќај, пак, штрајкуваат во вторник, среда и петок, со што железничките услуги нема да им бидат достапни на илјадници патници кои патуваат од јужниот брег и од аеродромот „Гетвик“.
Персоналот на авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ пак, поради проблеми со платите ќе штрајкува во вторник и среда.
Штрајкот на вработени во метрото, пак, е поради несогласувањата околу затворањето на билетарите во последните неколку години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.