| четврток, 6 декември 2018 |

Скршеници на раце и нозе, колкови, набиеници – стотина граѓани побарале лекарска помош

-Младите обично паѓаат на рацете и ги повредуваат зглобовите, а повозрасните паѓаат на колковите - изјави за „Сител“ Асс.д-р Маја Софрониевска Главинов, од Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Скршени раце, нозе, колкови, набиеници. За три дена стотина граѓани со повреди здобиени од пад на мразот побарале лекарска помош во скопските клиники и болници.

Најмногу пациенти, вкупно 60 биле примени во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Половината имале скршеници, на дел им е ставен гипс и се пуштени дома, а неколку лица се оперирани и задржани на болничко лекување, велат за „Сител“ од оваа Здравствена установа.

Во Ургентниот Центар на Клинички на преглед се јавиле 34 лица, а 8 од нив со посериозни повреди се хоспитализирани на Клиниката за трауматологија. Деновиве десетици граѓани кои паднале пред домовите или на лизгавите тротоари биле примени и во „ГОБ 8 Септември“.

-Младите обично паѓаат на рацете и ги повредуваат зглобовите, а повозрасните паѓаат на колковите – изјави за „Сител“ Асс.д-р Маја Софрониевска Главинов, од Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Лекарите советуваат граѓаните внимателно да се движат по лизгавиот терен бидејќи и деновиве температурите ќе бидат двабоко под нулата, а повозрасните лица без потреба да не излегуваат од дома.

-Никако да не ги држат рацете во џебовите, додаде Асс.д-р Маја Софрониевска Главинов, Клиниката за хируршки болести св. Наум Охридски.

Доколку некој се повредди при пад на мразот лекарите аперираат никако да не оди на местачи и надри лекари, туки веднаш да побара помош во најблиската здравствена установа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top