| четврток, 6 декември 2018 |

Ја шокираше Европа – африканска емигрантка избрана за мис на Хелсинки

mis

Сефора Икалаба синоќа беше избрана за мис на Хелсинки, што предизвика изненадување, шокираност и реакции по социјалните мрежи, како во Финска, така и во цела Европа.

Во реакциите се оценува дека Икалаба, која е африканска емигрантка, била избрана во конкуренција на „многу поубави девојки“, а некои сметаат дека таа ја добила титулата само затоа што е црномурна.

mis2

Во некои од коментарите се оценува и дека станува збор за „политичка коректност, која прераснала во расизам“, како и дека нешто „не е во ред“ со изборот.

„Можеби има добар карактер“, „сигурен сум дека е интересна“, се само некои од коментарите во кои се оценува дека Сефора не ја заслужила победата и дека на изборот имало поубави девојки од неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top